Новак Ѓоковиќ во моментов се наоѓа во Србија каде што дава интервјуа за локалните медиуми.
Светскиот тенисер број 1, во едно од нив откри дека кога му било најтешко, добил помош од трагично загинатиот Коби Брајант.
-Во 2017-та година имав повреда на лактот, поради која ми беше многу тешко и бев во комуникација со многу врвни спортисти. Морам да признаам дека најмногу ми помогна Коби Брајант со неговите совети, рече Ѓоковиќ.