Познатиот актер и продуцент Бранко Ѓуриќ Ѓуро итно бил опериран во Љубљана, откако извесно време се жалел на константни болки, пренесе српски „Курир“.
Наводно, станува збор за помал хируршки зафат, а операцијата била изведена пред два дена и сега актерот се чувствува добро.
Не е познато за каква операција поточно станува збор, но Бранко Ѓуриќ извесно време ќе бил на боледување.
Штом оздрави, ќе продолжел со својата хит претстава „Ѓурологија“, а во план имал и други проекти.