Синот на пејачот Енис Беговиќ, Армир Беговиќ почина пред два дена, а денеска е погребан на гробиштата во Сараево.
Река од расплакани мажи додјоа да го испратат 30 годишниот прерано згаснат живот, а меѓу нив имаше и многу колеги на пејачот.
На погребот се појавија и неговите колеги Харис Џиновиќ, Бобан Рајовиќ, Младен Војиќ Тифа, Шериф Коњевиќ, Драган Којиќ Кеба, Халид Бешлиќ, како и многу други…
На фотографиите се гледа и самиот пејач кој едвај стои на нозе и бледо лице како прима сочувство од сите надојдени пријатели, роднини и колеги.
Инаку на погребот не дојдоа неговите мајка и сопруга која е бремена во деветтиот месец поради тоа што не налагаат нивните обичаи жените да одат на погреб.