Тони Брекстон никогаш не се плашела да ја покаже својата фигура која пркоси на нејзините години, а завчера на доделувањето на Греми наградите покажа повеќе отколку што планираше.
Во целосно проѕирен фустан кој го облекла на голот тело, 52-годишната Тони Брекстон на доделувањето ги украде сите погледи.
Пејачката е најпозната по баладата Un-Break My Heart, која излезе пред точно две децении, со својот стајлинг докажа дека е во форма и понатаму.
Да потсетиме, во 1997 година пејачката банкротираше, а како што наведе за тоа беше виновна нејзината дискографска куќа која иако во светот се продаваа нејзините албуми во милиони примероци, на неа и даде само чек од 2.000 долари кој не можеше да ги покрие сметките.
После тоа пејачката по втор пат доживува банкрот, а во 2018 година се верила со Тони Бердман, кој е момче кое инаку ограбувало продавници и продавало хероин поради што било уапсено. Подоцна во затвор лежел 3 години, а едно време лежел и во дом за незгрижени деца како бездомник.