петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Го исполни ветувањето кое му го дал на починатиот татко: Еве што направи Никола Роквиќ, Маринко би бил многу среќен кога би можел да го види ОВА! (ФОТО)

Го исполни ветувањето кое му го дал на починатиот татко: Еве што направи Никола Роквиќ, Маринко би бил многу среќен кога би можел да го види ОВА! (ФОТО)

Во март годинава Никола Роквиќ започна акција за обнова на патот до црквата во родното место на неговиот татко Маринко Роквиќ. На почетокот на годината се огласи на социјалната мрежа Твитер и го понуди својот профил, а парите од продажбата на профилот ги донираше за изградба на овој пат.

-Продавам Твитер профил, би дал пари да изградам пат до црквата во родното место на татко ми Маринко во Босански Петровац. Доколку некој е заинтересиран нека ме контактира. Не знам ни која е вистинската цена на профилот, ако има некој стручњак нека помогне со информации. Благодарам, напиша пејачот тогаш.

Оттогаш поминаа само неколку месеци, а Роквиќ на Инстаграм се огласи со вест која многумина ги израдува.

-Успеавме! – напиша тој и сподели неколку фотографии од новиот пат до црквата.

Да потсетиме, минатата недела се одбележа една година од смртта на пејачот Маринко Роквиќ, а семејството и пријателите отслужија панихида на гробиштата.

Најнови вести