вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Го криела сопругот, била во врска со колега на нејзиниот татко – сите мажи со кои била во врска атрактивната бринета Хелена Топалковиќ!

Го криела сопругот, била во врска со колега на нејзиниот татко – сите мажи со кои била во врска атрактивната бринета Хелена Топалковиќ!

Атрактивната бринета Хелена Топалковиќ и претходно го привлекуваше вниманието на јавноста со детали од приватниот живот.

Хелена моментално ужива во бракот со 10 години постариот бизнисмен Драган Алексиќ, а порано ја интригираше јавноста со својот избор на партнери.

Атрактивната бринета Хелена Топалковиќ и претходно го привлекуваше вниманието на јавноста со детали од приватниот живот, а на списокот на нејзини партнери се најдоа и неколку колеги на неговиот татко.

Таа пред десет години во емотивна врска била со пејачот Јоцо Стефановиќ.

Заедно биле една година, а после три години се пишуваше дека наводно била во врска со водителот Владимир Станојевиќ.

Двајцата,наводно ја криеле врската, а Владимир за време на краткотрајната романса ја носел на патување во Италија.

Година дена подоцна Хелена освоила уште еден колега на нејзиниот татко, односно Слоба Васиќ. Нивната емотивна врска била бурна, бидејќи на едно нивно зимување наводно парот се расправал, а само по неколку месеци решиле секој да тргне по својот пат.

Само неколку месеци по разделбата со Слоба, српските медиуми пишуваа дека наводно се впуштила во врска со ѕвездата на „Гранд“, Милош Вујановиќ, кој денеска е во брак со Злата Аранџеловиќ, ќерка на Зорица Брунцлик, а тие тврде дека се само пријатели.

После тоа, како што пишува српски Телеграф се зборувало дека згодната ХеленаТопалковиќ била во повеќемесечна врска со Дамир Џумхур, а после него во врска стапила со сегашниот нејзин сопруг Драган Алексиќ, кој што до неодамна го криеше од јавноста.

Најнови вести