Во една од емисиите на Огнен Амиџиќ тој прочитал навредлива порака на еден гледач која била упатена за популарниот пејач кој е слеп, Саша Матиќ.
– Ако Саша може да носи часовник, јас можам да носам прслуче по дома, напишал твитерџијата.
Матиќ на ова културно му одговорил дека секојдневно носи часовник, а не само на спотовите.
Потоа ефектно го “спуштил“. Саша го допрел часовникот и го кажал точното време.
Тоа е посебен часовник за слепи лица, а твитерџијата стана мета на остри реакции.