среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ГО ПРЕТЕПАЛА СОПРУГАТА – српскиот пејач кој ја смени верата во моментов на операција во болница, еве ги деталите (ФОТО)

ГО ПРЕТЕПАЛА СОПРУГАТА – српскиот пејач кој ја смени верата во моментов на операција во болница, еве ги деталите (ФОТО)

Пејачот Марко Булат (49), како што дознава „Блиц“, денеска околу 16 часот завршил во Ургентниот центар во главниот град на Србија, а за повредите ја обвинил сопругата Марија.

Марко Булат бил донесен со приватно возило, а неговите повреди биле видливи. Тој е повреден при расправија со сопругата во семејната куќа во Нов Белград.

– Според нашите сознанија, фолкерот моментално е на операција, објави „Блиц.рс“.
Марко Булат е во јавноста уште од деведесетите, кога ја започна својата музичка кариера. Тој беше познат како „Кралот на сплавовите“.

Седум години е во брак со Марија, која своевремено учествуваше во реалното шоу „Задруга“.

Инаку пејачот неодамна беше во центарот на вниманието поради менувањето на верата и влегувањето во православието.

Најнови вести