Рики Мартин и денес е најпродаван музичар од шпанско говорно подрачје во САД, а освен со пеење се занимава и со глума.
На музичката сцена како соло изведувач се појави во 1991-та година, а пред тоа беше во група.
Енрике Мартин Моралес е роден на 24-ти декември 1971-ва година.
Се стекнал со слава во бендот Менудо.
За време на неговата кариера тој продал повеќе од 60 милиони албуми во светот.Тој исто така е основач на Фондацијата Рики Мартин која е непрофитабилна хуманитарна организација.
На почетокот од својата кариера, Рики Мартин тврдел пред медиумите дека е вљубен во мексиканската ТВ водителка Ребека де Алба, со која имал непостојана врска цели 14 години и наводно да ја побара за жена, но со излегувањето на албумот „Life“ тој потврдил дека неговата врска со Де Алба е прекината.
По ова, животот на Рики Мартин оди под микроскопот на медиумите и публиката, задирајќи во неговиот приватен живот и сексуалната ориентација. Сепак, тој ниту ги одбегнувал прашањата на новинарите, ниту пак одговарал на нив дека е хетеросексуалец, со што би ги запрел гласините дека е хомосексуалец.
Пред да признае пред светот дека е геј, Рики беше широко познат како секс-симбол, а жените лудуваа по него.
Во една прилика, тој рече дека никогаш не се подготвил за тежината на славата која ја имал и со текот на годините му станувало потешко да живее во лага. Тој затоа се осуди да признае дека е геј. Бидејќи постојано се чувствувал како нешто да крие, му било претешко да глуми…
Тој отворено признал дека е геј во 2010-та година, две години откако неговите деца беа родени од сурогат мајка.
„Со гордост можам да кажам дека сум среќен геј човек. Благословен сум“, рече пејачот, шокирајќи ги обожавателите ширум светот.
Го претстави и своето момче, а среќната двојка во 2018 година објави дека се венчаат. Тие се горди родители на четири деца.