недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Го следеше примерот на Новак Ѓоковиќ: Нина Бадриќ изгледа совршено, еве какви промени во исхраната направила

Го следеше примерот на Новак Ѓоковиќ: Нина Бадриќ изгледа совршено, еве какви промени во исхраната направила

Нина Бадриќ откри дека со помош на специјална диета успеала да ослабе дури 20 килограми. Убавата пејачка која зачекори во шестата деценија успеа да ги доведе во ред навиките, особено кога е исхраната во прашање.

Својата топ форма ја должи на големата промена во исхраната кога од менито исфрли неколку производи во 2020 година, а Новак Ѓоковиќ ја инспирираше да стане веган.

„Откако се хранам вака, телото ми е во рамнотежа, кожата и косата ми се сјајни, а имам милион пати повеќе сила и енергија во споредба со сите претходни години, кога не размислував толку за храната која ја јадев. Долго ја следев диетата на Новак Ѓоковиќ и на многу мои блиски луѓе кои вака се хранат со години и навистина се има смисла“, изјавила Нина во една прилика и додала:

„Мојата сила се удвои. И духот и телото. Се чувствувам одлично, енергично, ведро, силно и им препорачувам на сите да го подигнат имунитетот со здрава исхрана и затоа килограмите се топат. Оваа промена е начин на живот, а не еднократна диета, но придобивките од таквите диети се навистина немерливи за нашето здравје и живот“.

Нина откри дека го скратила месото и тоа и донело големи промени. Пејачката имала 83 килограми, успеала да ослабе 20, а сега има 63. Тврди дека има повеќе енергија и дека околината го забележува тоа.

“Престанав да јадам месо и се случија големи промени во моето тело. Конечно сум задоволна од мојата тежина, но и многу подобро се чувствувам. Претходно, кога јадев парче месо, требаше да дремнам два часа бидејќи бев уморна. Сега сум енергична и среќна. Дури и масерката ми кажа дека тонот на кожата ми е подобар. Навистина сум среќна“, објаснила пејачката, а пренесува scena.story.hr.

-Веќе не пијам газирани пијалоци, а тестото го сведов на минимум. Понекогаш јадам тестенини или пита. Престанав да јадам и слатки. Но, кога навистина сакам да јадам чоколада, јадам две или три коцки, изјави Нина.

Најнови вести