Минатиот декември целата јавност остана во шок и неверување кога беше објавена веста дека популарната јутјуберка и гејмерка Кристина Кика Ѓукиќ се самоубила.
За причините и мотивите на оваа трагедија уште се шпекулира, а нејзината мајка Наташа е убедена дека не се работи за самоубиство туку за убиство.
Сега, една година по смртта на Кика, Наташа признала како се чувствувала кога ја нашла мртва.
-Седам, плачам и ја гледам нејзината слика. Му се молам на Бога сето тоа да е сон, утре да се разбудам и да кажам: „Боже, каков одвратен сон“. Тоа нема да се случи, за жал, моето бебе го нема, потресно рекла Наташа и додала:
-Првиот пат кога изговорив: „Боже, земи ме, врати ја неа“, тој момент не може да се опише. Не дај Боже некој некогаш да го доживее тоа што јас го доживеав таа вечер, изјавила мајката на Кика.