недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Гоца Тржан започнува нов бизнис со сопругот, еве за што станува збор

Гоца Тржан започнува нов бизнис со сопругот, еве за што станува збор

Пејачката Гоца Тржан реши да отвори музичко студио со сопругот Раша Новаковиќ каде музичарите ќе можат да снимаат песни.

И покрај тоа што има успешна музичка кариера, но и кариера на водителка, Тржан одлучила да започне уште еден приватен бизнис, од кој ќе има големи приходи.

Пејачката признава дека и без нов бизнис има многу работа, но, како што вели, тоа не и е проблем.

-Градиме студио во куќата на родителите на Раша. Таму ќе направиме студио за снимање песни, кавери и слично. Ќе биде средено по мој вкус, а ние, музичарите, ќе имаме и простор каде што ќе можеме да пееме и да свириме, откри Тржан.

„Сега имам концерт. Работам многу, па понекогаш не знам дали водам емисија, дали пеам, дали глумам, но тоа е мојот живот. Да беше поинаку, односно да немав толку работа, веројатно ќе умрев од досада“ – додаде пејачката.

Најнови вести