Новак Ѓоковиќ досега неколку пати докажа дека му нема рамен кога е тенисот во прашање.
Ноле сега покажа дека е одличен и на семејниот план, бидејќи на својата сопруга Јелена и честиташе роденден на навистина убав и романтичен начин.
По тој повод, спортистот на својот Инстаграм профил сподели две фотографии со Јелена.
Во првата Ноле и Јелена се бакнуваат додека седат на стебло во природа, покрај езеро или река, додека во втората се гушкаат на лулашка на песочна плажа.