сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Голем пресврт: Отфрлени сите обвиненија против Алек Болдвин

Голем пресврт: Отфрлени сите обвиненија против Алек Болдвин

Обвиненијата против холивудскиот актер Алек Болдвин поврзани со смртта на директорката на фотографија Халина Хачинс на снимањето на неговиот вестерн „Rust“ во Ново Мексико се отфрлени, соопштија неговите адвокати во четвртокот.

„Задоволни сме од одлуката да се отфрли случајот против Алек Болдвин и го поддржуваме отворањето на соодветна истрага за фактите и околностите на оваа трагична несреќа“, се наведува во заедничката изјава на адвокатите на Болдвин, Лук Никас и Алекс Спиро.

Портпаролите на окружната обвинителка на Ново Мексико, Мери Кармак-Алтвис, која го покрена случајот против Болдвин, одби да коментира.

Хачинс (42) беше застрелана и убиена на 21 октомври 2021 година во текот на сниањето на филмот на ранчот Бонанца Крик.

Болдвин ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза со реквизит пиштол, по грешка наполнет со вистински куршуми.

Несреќата предизвика шок во Холивуд и резултираше со јавен повик за целосна забрана за употреба на вистинско оружје на снимање.

Експертите од филмската индустрија тврдат дека строги безбедносни правила постоеле и порано, но дека тие често се игнорираат.

Најнови вести