петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ГОЛЕМА ЧЕСТ: Синан Сакиќ на важен ден ќе добие свој музеј – еве ги деталите!

ГОЛЕМА ЧЕСТ: Синан Сакиќ на важен ден ќе добие свој музеј – еве ги деталите!

Легендарниот пејач на народна музика, роден во Лозница, Синан Сакиќ, кралот на емоциите, добива музеј во родниот крај.

Оваа можност неколкупати по неговата смрт ја спомна сопругата Сабина, која во петок, на тринаесетти октомври, ќе ја исполни оваа желба и на истата адреса ќе го отвори своето студио и музејот на Синан Сакиќ.

Таа од својот Инстаграм профил испрати покана за отворањето до сите на кои им се допаднаа песните на Синан, а отворањето го закажа на денот на неговиот роденден, во пет часот. Музејот и нејзиното студио се наоѓаат на Улица „Свети Сава“ 14, во централниот дел на градот, чие име Синан го рашири низ светот.

Песните на овој пејач, кој својата музичка кариера ја започна во 1978 година ги знаат дури и оние кои претпочитаат поинаков вид на музика. Нема прославае без да се слушне барем една негова песна.

Во својата богата кариера сними, според некои податоци, триесетина албуми, имаше големи тиражи и се знаеше дека каде и да пее има цунами од емоции и голема радост. Еден од најголемите и најомилените пејачи на народната музика почина на 1 јуни 2018 година, во 62-та година од животот, во семејниот стан во Белград, а погребан е во Лозница.

Од петок, благодарение на сопругата, тој во родниот град ќе има музеј каде ќе се чува неговото сеќавање, а љубителите на неговото дело ќе имаат место каде што ќе можат да се сеќаваат на човекот кој пеел со душа.

Најнови вести