вторник, 9. јануари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Голема мистерија: Мајката на Кика тврди дека таа е убиена, прошталното писмо е напишано ПО НЕЈЗИНАТА СМРТ (ФОТО)

Голема мистерија: Мајката на Кика тврди дека таа е убиена, прошталното писмо е напишано ПО НЕЈЗИНАТА СМРТ (ФОТО)

Познатата јутјуберка Кристина Кика Ѓукиќ почина минатата година во декември, а нејзината мајка Наташа не може да се помири со фактот дека нејзината ќерка се самоуби.

Се шпекулираше дека Кика се самоубила, а со месеци била крајно депресивна и несреќна. Меѓутоа, пред само неколку дена, мајката на Кристина, Наташа Ѓукиќ, на платформата Јутјуб објави видео во кое тврди дека нејзината ќерка всушност е убиена.

-Детективските агенции веднаш ми рекоа дека не се заинтересирани штом го слушнаа името на ќерка ми. Еднаш му рекла на своето момче дека ќе се убие, па тој ја однел кај „Лаза“, но таму веднаш рекла дека нема да се убие, туку дека само сака да дојде до неа. Кика беше одличен манипулатор кога станува збор за љубовта и многу себична. Никогаш не би се самоубила. Господ да прости на сите, на ќерка ми можеше да и се помогне. Наводното проштално писмо на Кика било напишано еден ден откако била убиена. Таа не можела мртва да го напише тоа писмо, туку некој друг, вели неутешната мајка.

Наташа решила да го објави тоа проштално писмо на крајот од видеото, кое Кика наводно го напишала пред да се самоубие. Сепак, Наташа објасни и дека постои мистерија и сомнежи дека некој друг ја напишал целата порака.

– И уште нешто, може ли некој да ми објасни како Кика можеше да остави проштално писмо откако почина? – напиша Наташа, алудирајќи на тоа дека белешката на компјутерот покажала дека писмото е напишано ден по смртта на Кика во 12 часот и 50 минути.

На писмото се гледаат имињата Милан, Ивана, Ана, а пред се пишува мама.

Најнови вести