петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Голема промена во хит серијата „Среда“: Еден од главните актери е избркан, добиваат СМРТНИ закани

Голема промена во хит серијата „Среда“: Еден од главните актери е избркан, добиваат СМРТНИ закани

Актерот Перси Хајнс Вајт е отпуштен од серијата „Среда“ поради обвинувања за сексуално вознемирување.

22-годишниот Перси, кој го глумеше Ксавиер Торп во хит серијата „Среда“, нема да се врати во втора сезона, откако Нетфликс реши да го отсече неговиот лик поради обвинувањата што се појавија на Твитер.

Девојката која не го откри своето име, напиша на социјалната мрежа дека присуствувала на забавата што актерот ја организирал во Торонто „со цел да ги опива жените и да има односи со нив“.

Неименуваната девојка го обвинила за малтретирање на забавата, а потоа го избришала твитот. Овие наводи кружат од јануари, а сега го чинеа Вајт и улога во еден од најголемите хитови на Нетфликс годинава.

Актерот, како и неговите родители кои исто така се занимаваат со сценарио и глума, остро ги отфрлаат овие наводи.

-Порано оваа година, лице кое никогаш не сум го запознал започна дезинформативна кампања против мене. Личните информации на моето семејство беа објавени, мојот пријател беше лажно обвинет дека е „жртва“, а моите пријатели добиваа смртни закани. Штетни, неточни тврдења вака може само да им наштети на вистинските жртви. Ви благодарам на сите што стоевте покрај мене, малтретирањето на моето семејство, пријателите и соработниците мора да престане, напиша тогаш тој.

„Нетфликс“ тврди дека поради штрајкот во Холивуд се уште не се донесени одлуки за актерската екипа на втората сезона, но „Дејли мејл“ пишува дека одлуката за Вајт е конечна.

Погледнете го трејлерот од серијата „Среда“!

Најнови вести