петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Големиот хит ја направи популарна, но донесе и низа проблеми: Поради овие стихови Тина ја нарекувале спонзоруша

Големиот хит ја направи популарна, но донесе и низа проблеми: Поради овие стихови Тина ја нарекувале спонзоруша

Пејачката Тина Ивановиќ проговори за својата кариера и во таа прилика откри низ што поминала поради нејзината песна „Bunda od nerca“.

Имено, таа признала дека претрпела бројни навреди поради текстот на песната и дека поради зборовите кои ги пеела ја нарекувале жена со лесен морал.

-Ме нарекуваа спонзоруша и слично… За жал, откако се појавив на естрадата, постојат тие предрасуди за мене, а јас не сум таков човек да одам да се правдам дека „јас не сум тоа“, делата кажуваат повеќе од илјада зборови, изјави пејачката во една емисија.

 

Да потсетиме, Тина еднаш имаше операција, а неодамна зборуваше за тој тежок период.

-Имав три операции, но фала богу, се е во ред. Се беше откриено на време, тоа беше бениген тумор, иако првично ми рекоа дека е малиген, но на крај испадна дека е бениген, на моја голема среќа. Треба да имате доверба во вашиот лекар и тоа е клучната ставка за заздравување, а овој пат многу го поздравувам мојот лекар, кој е прекрасен човек и имав целосна доверба во него. Тоа ми даде надеж по првата биопсија, кога ги добивме резултатите и се покажа дека е бенигно, сите бевме со скршено срце. Сега, пак ви велам благодарам, јас сум сосема здрава и гледате, убава, рече Тина.

Најнови вести