Бојана Родиќ и Мирко Шијан станаа родители на машко бебе минатата недела, а на бебето името му го дадоа Зоран.
Овој пат најблиските во семејството не ја кријат радоста за раѓањето на бебето, па така овој пат сестрата на Бојана, Наташа Родиќ сподели прва фотографија о бебето кое го држи во рака.
Додека малиот Зоран спиеше, нејзините следбеници уживаа во глетката.
Инаку Наташа само неколку дена пред породувањето во домот на Мирко и Бојана ги донесе сите играчки и облека за својот внук, по што беше уловена од медиумите за кои откри дека нема да се одвои од своето внуче штом ќе се роди.