Ѓорѓе Давид е еден од омилените членови на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ за многу кандидати, како поради неговата посветеност и добриот однос што го создава со натпреварувачите, така и поради енергијата што им ја пренесува.
Својата посветеност сега ја покажа на дело, кога среде ноќ отиде кај еден свој кандидат, кој бил болен, за да му даде лекови.
„Борба за здравјето на моите кандидати… Во улога на медицинска сестра на полноќ“ – напиша Ѓорѓе со видео од автомобилот.