Славната манекенка во црвена долна облека ги покажала бујните гради.
Освен што некогашниот супермодел Хајди Клум, до неодамна и сопруга на 17 години помладиот музичар Том Каулиц, упорно ги остава без здив сите оние кои ја следат со својот одличен изглед, упорно се обидува и да ни го оттргне погледот и од нејзините атрибути. Но, тоа не и поаѓа многу од рака.
Згодната Хајди ужива во Токио, од каде со фановите споделила неколку објави од собата на високиот кат во луксузиниот хотел, а изгледа дека своето воодушевување од градот сакала да го искаже така што во објавите ја истакнувала панорамата на градот.