Познатиот модел Хајди Клум (46) го привлече вниманието на Модната недела во Париз, каде што присуствуваше на една од ревиите.
Германската убавица на овој настан се појави во црно-бела комбинација, при што во преден план беше нејзиното длабоко деколте.
Особено беше забележливо дека не носи градник.
Хајди не беше сама, друштво ѝ правеше нејзиниот свршеник, германскиот музичар Том Каулиц (29). Двајцата постојано се држеа за раце и им се насмевнуваа на фотографите кои ги снимија заедно.