сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Хали Бери ја откри тајната за нејзиното убаво лице: ОВАА маска може секоја од вас да ја направи дома

Хали Бери ја откри тајната за нејзиното убаво лице: ОВАА маска може секоја од вас да ја направи дома

Актерката Хали Бери често објавува фотографии на Инстаграм во нејзиниот природен изглед.

Мажите и жените ширум светот се воодушевени од изгледот на оваа убавица.

Не е тајна дека напорно тренира, се грижи за исхраната, секако, а сега на Инстаграм сподели рецепт за маска за лице што секој може да ја направи.

Потребни ви се само четири едноставни состојки и околу 15 минути време, а резултатите се одлични, барем ако и се верува на прекрасната Хали. Таа тврди дека оваа маска ја осветлува кожата, ги намалува брчките и го промовира природниот сјај на кожата.

Потребни состојки:

1/4 чаша јогурт (грчки или друг погуст), прстофат куркума, половина лажичка сок од лимон, две лажици зелен чај (сварен).

Подготовка и употреба:

Измешајте ги сите состојки. Нанесете половина од смесата на лицето и оставете да отстои 3 минути.

Потоа нанесете го остатокот од маската и оставете да делува уште 10 минути.

Исплакнете го лицето со ладна вода и нанесете ја хидратантната крема што вообичаено ја користите.

Најнови вести