Легендарниот босански пејач Халид Бешлиќ (68) заврши во болница поради итна операција.
Според регионалните медиуми, на Халид во „Центар за срце“ Сараево, му бил вграден стент.
Сопругата на Халид Сејда Бешлиќ се огласи и ја потврди информацијата дека нејзиниот сопруг бил опериран. На прашањето на новинарката на „Аваз“ во каква состојба е легендарниот пејач, таа кусо одговори:
– Халид е добро. Се чувствува одлично, како да нема ништо. Утре доаѓа дома.