Сопругата на Петар Грашо, Хана Хуљиќ брои ситно до породување, а крајниот термин и е 23 јули.
Во изјава за магазинот Стори.хр открива дека деновиве ќе оди во шопинг за ќерката која ја очекуваат, но и дали Грашо ќе биде покрај неа за време на породување.
-Има настап и на денот на терминот за породување. Но, секој слободен момент е со нас, вели Хана.
Како што претходно е познато, Хана и Петар одлучиле на ќерката да и го дадат името Алба.