Хана Хуљиќ и Петар Грашо на 17-ти јули станаа родители на ќерката Алба, која секој ден ги прави посреќни.
Имено, ќерката на Тончи Хуљиќ сега откри како се снашла со родителството.
-Ми се допаѓа улогата на мајка. Добро сум. Сега малку ја смирувам затоа што има грчеви. Се обидувам да ја заспијам, низ смеа Хана зборува за својата ќерка и се навраќа на насловите и написите во весниците за неа и Петар, кои се појавуваат речиси секој ден.
-Секој ден читам по нешто ново за мене и Питер, па престанав да реагирам, вели новопечената сопруга на популарен пејач.
Воедно, таа ги коментира гласините дека наесен двајцата ќе направат уште една поголема свадбена веселба.
-Искрено, веќе не знам од каде доаѓаат тие зборови. Не планираме уште една свадба, рече тaa.