сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Хаос на настап на Миа: Маж од публика извадил пиштол, девојките врескале од страв

Хаос на настап на Миа: Маж од публика извадил пиштол, девојките врескале од страв

Миа Борисављевиќ доживеала вистинска драма на настапот што го одржа во неделата вечерта во Обреновац. Според медиумите, непознат човек од публиката во еден момент извадил пиштол.

Настанала тепачка која завршила со интервенција на обезбедувањето.

„Ништо не укажуваше на тоа дека можеби ќе има проблем. Луѓето дојдоа да се забавуваат“ – вели изворот, а потоа продолжува:

-Имаше разни луѓе, а во еден момент започна и тепачка меѓу неколку млади момчиња. Едниот извадил пиштол и девојките во близина почнале да врескаат. Се бореа. За тоа време пејачката пееше без застанување. Мислам дека не ни била свесна дека некој извадил оружје затоа што било темно. Обезбедувањето на клубот веднаш скокнало и го избркало човекот со пиштолот, објаснил извор кој бил на лице место.

Миа Борисављевиќ објасни што се случило од нејзина гледна точка.

-Дошло до тепачка и реагирало обезбедувањето. Изведоа еден човек надвор. Не видов што се случи. Слушнав дека извадил пиштол, но не го видов бидејќи тоа е голема дискотека. Не го прекинав настапот бидејќи не беше масовна тепачка, но успеаја брзо да ја средат работата и да не им пречат на другите гости, објасни Миа за медиумите.

Најнови вести