Цеца Ражнатовиќ изминатиот викенд пристигна во Црна Гора каде што настапи во Улцињ.
Пејачката не крие дека е возбудена поради тоа, особено што за прв пат настапува во овој град.
А дека организаторите ништо не препуштаат на случајот говори и тоа што на „Голема Плажа“ дошла и антитерористичката единица на Црна Гора да провери дали е се’ во ред.
Во текот на денот била прегледана целата плажа и повеќе од 50 припадници на антитерористичката единица со кучиња го провериле делот околу местото каде Цеца има концерт.
На кратко беше затворен и самиот ресторан кој се наоѓа на плажата каде што настапува.
Инаку, Цеца не бараше посебни безбедносни мерки, а концертот беше распродаден и има голем интерес.