вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Хари и Меган медениот месец ќе го поминат во шатор: Кога ќе видете како изгледа ова чудо, ќе бидете воодушевени (ФОТО+ВИДЕО)

Хари и Меган медениот месец ќе го поминат во шатор: Кога ќе видете како изгледа ова чудо, ќе бидете воодушевени (ФОТО+ВИДЕО)

После спектакуларната венчавка, првото појавување на принцот Хари и Меган Маркл во јавноста ќе биде на роденденот на принцот Чарлс.

Меган доби благослов во Бакингемската палата за својата положба да ја користи за борба за своите вредности, меѓу останатото и за феминизам. Наскоро се очекува Меган да се огласи во врска со хуманитарните установи и кампањите кои ќе ги одржува, а се смета дека ќе се огласи кога ќе се врати од медениот месец, кој младите малку го одложија.

Војвотката, која ја прекрши традицијата одржувајќи говор на венчавката, соработувала со бројни здруженија влучувајќи ги „UN World“ и „World Vision“. Ќе продолжи да работи во склоп на Кралската фондација со својот сопруг Хари, принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон.

Кенсингтонската палата се уште не ја известила јавноста за одредиштето каде младите ќе одат на медениот месец, но започнаа нагаѓањата. Хари и Меган веројатно ќе одат во Намибија, позната по природата и дивите животни.

Африка е идеален избор за парот кој беше во Боцвана на почетокот на својата врска. Англискиот весник Сан наведува дека парот ќе биде кампот „Hoanid Valley Camp“, кое го опишуваат како преубаво место опкружено со планини, динама и пустини.

 

Станува збор за камп кој е единствена светска организација за зачувување на жирафите во Африка. Станува збор за „глампинг“- нов тренд на гламурозно кампување.

Најнови вести