сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Хари и Меган не ја прашале кралицата дали може да го користат името Лилибет

Хари и Меган не ја прашале кралицата дали може да го користат името Лилибет

Војводата и војвотката од Сасекс не ја консултирале кралицата Елизабета Втора во врска со тоа дали може да ќерката да ја крстат Лилибер, вели за Би-Би-Си извор од Бакингемската палата.

Лилибет е прекарот на кралицата кој го носи од детство.

Извор близок до Хари и Меган истакнал дека принцот разговорал со кралицата пред раѓањето на ќерката и дека „сигурно го споменал името“.

Меѓутоа, извор од Бакингемската палата вели дека тоа не е точно и дека кралицата не била прашана дали може тоа име да го користат. Приказните за односите на Хари и Меган со кралското семејство во изминативе место често завршуваа на насловните страници на медиумите.

На почеток од годината, додека Меган беше бремена, парот се најде на мета на критики од кралското семејство откако ги обвинија за расизам во бомбастичното интервју кај Опра Винфри.

Парот, минатиот викенд, ја објави веста за раѓањето на ќерката Лилибет „Лили“ Дајана Маунтбатен Виндзор. Родена е во калифорнискиот град Санта Барбара во петок наутро.

„Лилибет“ има силно и лично значење за кралицата. Елизабета Втора овој прекар го добила кога била мало девојче, кој уште не умеела правилно да го изговори сопственото име.

Нејзиниот дедо, кралот Џорџ Петти од милост за нарекувал Лилибет. Овој прекар останал, а го користи блиското семејство на кралицата. Така ја викал и нејзиниот починат сопруг, принцот Филип.

Лилибет е 11 внуче на кралицата, средното име и е Дајана во чест на покојната мајка на Хари.

Најнови вести