недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Харис Џиновиќ се пожали дека децата не го слушаат, а еве што мисли за провокативните фотографии на ќерка му Џина

Харис Џиновиќ се пожали дека децата не го слушаат, а еве што мисли за провокативните фотографии на ќерка му Џина

Децата на Харис Џиновиќ, ќерката Џина и синот Кан минуваат низ пубертетот, најтешкиот период за родителите, а пејачот вели дека неговите наследници не го слушаат.

Како што истакна за „Блиц“, тој не е упатен во нивниот љубовен живот, а Џина се консултира со Мелина за тоа што го објавува на Инстаграм.

-Не им се мешам во љубовта, не ме интересира, што и да кажам, тоа е мое мислење, не нивно. Тоа е нивната љубов, па нека се бакнуваат, нека прават што сакаат, нема да ме слушаат и така, изјави пејачот.

Неговата ќерка Џина објавува провокативните фотографии на социјалните мрежи.

-Таа си ја работи својата работа, не ми е гајле. Таа го избра тој Инстаграм и би сакал да биде успешна во него. Таа е млада, во нејзините дваесетти, има потреба да направи нешто, да се интересира за нешто, да прави нешто од себе, без разлика дали е тоа време или друго, секогаш треба да правите нешто во животот, истакна Харис и додаде:

„Не ме прашува мене ниту Мелина кога оди некаде. Можеби со Мелина повеќе соработува на тој Инстаграм план, не со мене. Понекогаш ми покажува фотографија, ме прашува дали е добра, дали ми се допаѓа, давам коментар, а не знам дали го цени тоа или не“.

Најнови вести