среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Хејли Бибер откри детали за кризата во бракот со Џастин, парот пред развод?

Хејли Бибер откри детали за кризата во бракот со Џастин, парот пред развод?

Хејли Бибер одлучила да проговори за несогласувањата кои ги има со сопругот Џастин Бибер.

Младиот брачен пар веќе извесно време е во медиумите кои шпекулираат за нивниот можен развод.

-Имавме многу разговори за тоа кои се нашите планови, каде сакаме да бидеме и за колку години. Секогаш зборувавме за тоа дека сакаме млади да стапиме во брак, да бидеме млади родители, но не е се онака како што сонувате. Но, едно знам. Донесов одлука. Знам дека силно и долго го сакам и нема да се откажам од него, вели Хајли која прозборела за менталните проблеми на Бибер.

Хејли истакнала дека каков и да е епилогот од нивните несогласувања, поради големата љубов која ја чувствува кон него, нема да се откаже, ниту да замине.

-Не сум таква личност. Ќе останам до него без оглед на се, каков и да биде крајот, вели Хејли.

Јасно е дека не цветаат рози во односот на овој брачен пар, но она што засега е сигурно е дека успеваат да ги надминат несогласувањата.

Најнови вести