Актерот се труди приватниот живот максимално да го сочува од очите на јавноста…
Актерот Хоакин Феникс (45) и неговата вереница Руни Мара (35) станаа родители на момче на кое му го дадоа името Ривер Феникс, по починатиот брат на славниот актер.
Среќните вести случајно ги откри режисерот Виктор Косаковски на филмскиот фестивал во Џирих, додека зборуваше за соработката со Хоакин Феникс на филмот „Гунда“.
-Тој всушност само што доби бебе… прекрасен син кој го нарекоа Ривер, кажа режисерот.
🚨 Viktor Kossakovsky 📽️, Gunda: He just had a baby Boy who’s Called River. ( about Joaquin) pic.twitter.com/WuUISnuTsZ
— Max California’s Lover (@Paula_FlorV) September 27, 2020
Хоакин и Руни досега немаат потврдено ништо за раѓањето на синот, а во јавноста не говореа ниту за својата веридба.
Хоакин доаѓа од актерско семејство. Неговите сестри се актерки, но и неговиот брат Ривер Феникс беше познат актер кој трагично загина на врвот од кариерата. Во неколку ретки интервјуа, Хоакин говореше дека токму Ривер е заслужен за тоа што тој влегол во светот на глумата, и дека тој се пронаоѓа по малку во секоја негова улога.
Семејна професија во семејството на Руни Мара, исто така е глумата. Имено, нејзината сестра Кејт Мара е популарна холивудска актерка.