Славната актерка Меган Фокс објави на Инстаграм низа сексапилни фотографии направени среде џунгла, а на истите не успеал да им одолее ниту нејзиниот вереник за кој до неодамна не сакала ни да чуе.
37-годишната Меган позирала во заводливи пози додека на себе носела само минијатурни бикини, а во коментари веднаш ѝ одговорил Машин Ган Кели.
„Шумата е мојата најстара пријателка“, напишала Меган под фотографиите.
„Ако вака изгледа диво животно, би дозволил да ме нападне“, ѝ порачал вереникот, што воедно е негов прв јавен коментар откако се појавија гласините дека имаат проблеми во љубовта и тоа наводно поради неговото неверство.
Меган кон почетокот на годината ја избриша секоја трага од раперот од својот Инстаграм профил и сподели мистериозна објава, а потоа се одлучи на подрастичен потег, па го избриша својот профил од популарната социјална мрежа за по некое време повторно да го активира.
37-годишната Фокс која е во врска со 4 години помладиот рапер од јуни 2020 година, тогаш објави низа сексапилни фотографии и видео на кое се гледа како пали писмо.
„Можеш да ја вкусиш неискреноста, таа е во твојот здив“, напиша таа во објавата, цитирајќи ги стиховите на песната на Бијонсе, „Pray You Catch Me“ за која се верува дека е референца на наводното неверство на Џеј-Зи.
Но, парот по сè веројатно одлучил да посетува терапија за парови и советување, па во мај беа забележани на заедничко излегување во Лондон, а пред еден месец Меган го бодреше Машин Ган Кели на неговиот концерт во Берлин.