Познатата манекенка Криси Тиген, во неодамнешно интервју открила дека има голем проблем поради претстојните празници.
Криси, сопругата на музичарот Џон Леџенд е мајка на две деца, 2-годишната Луна и 7-месечниот Мајлс.
Манекенката открила што мисли за традицијата и обичаите кои владеат за време на новогодишните и божиќните празници.
Криси и Џон сè уште не одлучиле во која насока ќе ги вопситуваат децата кога станува збор за верувањето во Дедо Мраз.
„Луна штотуку почнува да учи за Дедо Мраз, но јас всушност не сум сигурна дали сакам да верува во тоа. Не знам во која насока да ги воспитувам“, искрено кажала Криси за магазинот „People“.
„Ќе видиме што ќе правиме кога ќе дојде време за тоа, но и немаме уште многу време. Ќе се фокусираме на време поминато со семејството и меѓусебно дарување“, заклучила таа.