среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ХОРОР: Познатиот актер пронајден мртов – рацете врзани, жица околу вратот, а еве каде и како бил закопан! (ВИДЕО)

ХОРОР: Познатиот актер пронајден мртов – рацете врзани, жица околу вратот, а еве каде и како бил закопан! (ВИДЕО)

 

Џеферсон Мачандо (44), бразилски актер кој исчезна пред речиси пет месеци, е пронајден закопан пред куќа во Рио де Жанеиро.

Трагичната вест ја објави семејна пријателка на нејзиниот Инстаграм профил.

„Со големо жалење ве известуваме дека Џеф е пронајден мртов“ – напишала Синтија Хилсендегер во потресна објава.

Полицијата соопшти дека телото на актерот било пронајдено врзано и набиено во дрвена кутија, која потоа била закопана два метри под земја во дворот на приватна куќа во населбата Кампо Гранде. Тој беше идентификуван врз основа на неговите отпечатоци од прсти.

-Рацете му биле врзани зад главата, рекол адвокатот на семејството и нагласил дека актерот имал жица завиткана околу вратот, што укажува дека најверојатно е задавен.

Полицијата во Бразил трага по човекот кој го изнајмил имотот. Неидентификуваниот осомничен, кој наводно ја познавал жртвата, последен пат бил виден како влегува во куќата пред околу еден месец.

„Џеферсон беше ладно и брутално убиен од завидливи и зли луѓе“, напиша Хилсендегер.

Најнови вести