Хрватската пејачка Лана Јурчевиќ на социјалните мрежи се пофали со своето скриено богатство во својот плакар за кое многу жени би завиделе.
-Мислам дека сега некоја жена ќе ме убие поради многуте шминки кои ги имам, ве молам никој нека не ми го ограби станот поради овие работи, вели пејачката објавувајќи видео снимка од шминките во нејзиниот плакар.
Таа во видеото покажа шминки од брендот „Natasha Denona“ која е со потекло од Задар, а живее и работи во Израел.
Дел од нејзините шминки користат и познатите светски личности, а една од нив е и членот од кланот Кардашијан- Џенер.