Хрватскиот виолинист Стјепан Хаусер кој се прослави со влегувањето во врска со пејачката Јелена Розга ретко зборува за својот приватен живот во медиумите, но медиумите никако да престанат да откриваат детали од неговиот приватен живот.
Овој пат тој повторно е на мета на медиумите откако сподели видео со дваесет годишната Италијанка Бенедети Карети со која го пее светскиот хит „Senorita“.
На видеото не се гледа лицето на пејачката, но нејзината тетоважа веднаш стана мета на озборување бидејќи му ја посветила токму на нејзиното ново момче.
-Нејзиното тело совршено изгледа во моите раце, напиша музичарот под видео снимката.
Инаку Хаусер е некогашен свршеник на пејачката Јелена Розга, но иако сите им предвидуваа брак, нивното раскинување беше болно.