четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

И Кејт Мидлтон ги крши кралските правила: Разменува нежности со принцот Вилијам во јавност (ФОТО)

И Кејт Мидлтон ги крши кралските правила: Разменува нежности со принцот Вилијам во јавност (ФОТО)

За време на хуманитарниот поло натпревар во Виндзор, на кој учествуваше и принцот Вилијам, војводата и војвотката од Кембриџ ги изненадија присутните, но и фотографите, кои ја искористија приликата и овековечија моменти на нежност, на кои од нив не сме навикнати.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gala (@galafr)

Вљубени и среќни, Кејт Мидлотн и принцот Вилијам овој пат не се двоумеја да си разменат прегратки и неколку бакнежи, а теренот го напуштија прегрнати.

Среќата дополнително ја засили победата на тимот на Вилијам, како и собраните повеќе од милион долари кои ќе одат во различни добротворни задруги.

Инаку, одамна е познато дека кралицата Елизабета Втора, бабата на Вилијам, никогаш не се согласувала членовите на кралското семејство да разменуваат нежности во јавноста, но се чини дека идниот крал решил да воведе некои промени во монархијата.

Војводите од Кембриџ неодамна донесоа одлука и се преселија од Лондон во Беркшир, со цел да бидат што поблиску до семејството, но и нивните деца Џорџ, Шарлот и Луис да растат далеку од љубопитната јавност. Родителите на Кејт Мидлтон живеат на само неколку километри од нив, во селото Баклбери, а почнаа да се шират гласини дека и нејзината сестра Пипа и нејзиното семејство бараат куќа во областа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Revista ¡HOLA! (@holacom)

Најнови вести