вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

И Пипа Мидлтон чека бебе

И Пипа Мидлтон чека бебе

Во пресрет на породувањето на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, и нејзината сестра Пипа и соопшти на јавноста дека е бремена.

Се би било како во кралска бајка, да не беа обвинувањата за силување кон свекорот на Пипа, мултимилионерот Дејвид Метјуз (74), дека извршил две силувања во 1980-ите години.

Пипа, која стана позната во јавноста кога практично ја засени својата сестра Кејт Мидлтон за време на нејзината венчавка со британскиот војвода Вилијам, од лани е во брак со Формула 3 тркачот и бизнисмен Џејмс Метјуз.

Неговиот татко, Дејвид, пред три недели беше уапсен на парискиот аеродром, поради обвиненија за сексуални напади.

Една од жените кои го обвинуваат Дејвид Метјуз била на 15-годишна возраст, кога била нападната. Метјуз ги отфрла обвинувањата како невистинити.

Најнови вести