Водителката на Пинк Деа Ѓурѓевиќ е тешко повредена во сообраќајната несреќа која се случила рано изутринава близу болницата „Др. Драгиша Мишовиќ“.
И додека лекарите се борат за нејзината рака за да не ја загуби целосно, српските медиуми пишуваат за исповед на нејзината колешка од телевизијата која ја контактирала да и каже дека ќе задоцни на работа, а во тој момент налета автобусот и од другата страна на слушалката се слушна само врисок и врската се прекинала.
Водителката која е во тешка состојба во моментов е во операциона сала, а со неа во овие моменти се нејзината мајка и свршеник.
ФОТО:Пресонлајн.рс