Ана гостуваше на роденденската прослава на фризерот Стеван Радивојевиќ, а по тој повод даде изјава за емисијата „Ексклузивно“ во која го објасни откажувањето на концертот во „Штарк Арена“:
„Знаев дека нема да има концерт во Арена… Сега сум фокусиран на концерт на Ушче. Короната ми го уништи последниот проект „Клиника“… оттогаш сè е попатно и некако слабо… Што покојната Марина би рекла „сечи уши, крпи го га*от“! Сега, после ноќно излегување, одам директно во студио да отпеам нова песна, немам ништо против тоа да го правам ни во три часот наутро“ – изјавила пејачката.
Алкохолот постојано се поврзува со Ана, а таа сега објасни за што и треба вотка која неодамна ја купи во огромни количини, а беше снимена во супермаркет:
„Се шетав низ Медина на некое снимање… во шест часот наутро, боса… Беше толку валкано. Морав потоа да си ги дезинфицирам нозете со алкохол, а единствено што најдов беше вотка во супермаркетот.
Потоа велат „Ана пие“, па не пие, само си ги дезинфицира нозете… што да правам“ – низ насмевка ќе рече Ана.