Актерката и ѕвездата од култната серија „Жикина династија“, Лидија Вукичевиќ (57) често ја скокотка фантазијата на фановите и следбениците на Инстаграм.
Секоја година се труди својот дом да го украси како од бајка, а ниту оваа година тоа не е исклучок.
Лидија овој пат позираше пред каминот, додека на себе имаше само бадемантил.
Таа предизвика воодушевување кај следбениците, а иако е во шестата деценија, таа секогаш покажува и докажува дека е негувана и убава жена и дека годините не и можат ништо. Како што ја нарекоа фановите, таа е југословенскиот секс-симбол.