Легендарниот шпански голман Икер Касиљас (41), се нашол во центар на внимание во шпанските медиуми кои објавиле дека е во врска со Марија Хозе Камчо (43).
Откако изминатиов период имал многу тешки моменти, како срцев удар во 2020 година и раскинување од долгогодишната партнерка Сара Карбонеро, поранешниот чувар на мрежата на Реал Мадрид и Порто, повторно ужива во својот живот.
Шпанскиот весник „Хола“ објавил дека Икер веќе три месеци е во врска со Марија, чиј поранешен сопруг бил некогашниот голман на Барселона, Франсис Арнау кој во мај минатата година изврши самоубиство на 46-годишна возраст.
Камачо брилирала во женскиот фудбал од мали нозе. На 17 години таа потпишала договор за Терас, а само неколку години подоцна се придружила на женскиот тим на фудбалскиот клуб Барселона каде го запознала својот иден сопруг, а потоа играла и за Малага.
De la nueva novia de Iker Casillas a la respuesta de José Ortega Cano a Ana María Aldón https://t.co/zbYQ6681iu
— Gente en ABC (@abc_gente) August 31, 2022
Иако Касиљас порачал дека станува збор само за шпекулации, фотографиите на кои разменуваат нежност го откриваат нивниот близок однос којшто очигледно се трудат и се обидуваат да го задржат во тајност.
Касиљас 16 години ја чуваше мрежата на Реал Мадрид и запишал над 500 настапи, а во 2015 година се пресели во редовите на Порто каде ја заврши кариерата во август 2020 година откако доживеа инфаркт.