Душко Тошиќ неодамна го прослави својот 36 роденден во Белград, а пејачката Јелена Карлеуша за српските медиуми откри дел од атмосферата и подароците кои ги добил нејзиниот сопруг.
-Прво цел ден бев на снимањето на „Ѕвездите на гранд“, па задоцнив на прославата бидејќи рестораните работат до осум часот. Пристигнав на делот кога се дуваше тортата. И ќерките беа тука, сите на куп ни беше многу убаво. Јас бев малку уморна, но тој беше многу среќен за сите нас, вели пејачката.
View this post on Instagram
Додава дека Душко не добил конкретен подарок од неа, но дека им дала пари на ќерките Атина и Ника за да му купат они подарок.
-Едната му подари парфем, а другата крема за мажи и за подочници, се што него најмногу му треба, а сето тоа го спакувавме во два подарока, вели Карлеуша.