Точно два месеци пред церемонијата од склучувањето на бракот со Меган Маркл, принцот Хари ја изненади јавноста во Британија со својата одлука.
Имено, тој не сака да потпише било каков предбрачен договор. Како што тврди негов близок пријател, Хари верува дека ова ќе му биде единствен брак и дека поради тоа не сака да потпише било што.
Неговото богатство е проценето на околу 30 милиони фунти, но сигурен е дека Меган ќе биде неговата избраничка до крајот на животот.
– Никогаш не ни замислувал да потпише предбрачен договор. Уверен е дека ова ќе му биде единствен брак, затоа ништо не потпишува, вели блискиот пријател на принцот.
И неговиот брат одби да потпише ваков договор кога се венчаше со војвотката Кејт Мидлтон.
Оваа одлука ја изненади јавноста, бидејќи мисли дека Меган ќе ги искористи неговите пари и дека еден ден ќе инкасира многу од тоа што ќе му биде сопруга.
Многумина коментираа дека оваа девојка е со принцот од чиста корист. Злобниците велат дека Хари не сфаќа дека Меган не го сака него, туку неговите пари,