понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Им се губи секаква трага – исчезнаа две српски сестри јутјуберки, тоа што се случило претходно не е доволно за полицијата во Париз да почне да ги бара!

Им се губи секаква трага – исчезнаа две српски сестри јутјуберки, тоа што се случило претходно не е доволно за полицијата во Париз да почне да ги бара!

Зоран Ѓорѓевиќ, таткото на популарните српски јутјуберки Анѓела и Наѓа, чии видеа ги следат речиси милион луѓе, за време на вчерашниот директен пренос на каналот на Јутјуб сподели дека не знае каде е неговото семејство и дека не може да стапи во контакт со нив со часови.

Како што пишуват српските медиуми, нивните телефони се исклучени.

„Ситуацијата не е добра, неколку часа не знам каде е моето семејство. Како што веќе знаете, Анѓела е во Париз, а од 16 часот ѝ се губи секаква трага. Вујко ѝ ја донесе дома вчера, во 19.00 требаше да се приклучи „во живо“, но не ми се јавува од 18.20 часот. Тина излезе да го прошета кучето во 18 часот, а сега е веќе 22.30 часот и неа ја нема. Наѓа требаше да ги заврши предавањата во 20 часот, но и таа не се појави. Не знам што да правам, ако некој има некаква информација, изјави Зоран Ѓорѓевиќ, таткото на Анѓела и Наѓа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nađa 🌚 (@nadjilicaaa)

За време на преносот во живо, тој се обиде да ги исконтактира и двете, а според француските правила, во полиција смее да пријави дури 48 часа по исчезнувањето.

Ѓорѓевиќ ги замоли сите луѓе кои можеби знаат нешто за исчезнувањето на неговото семејство да го контактираат на Инстаграм. Исто така, тој истакна дека не се работи за одредена затоа што тој никогаш не би се пошегувал за такво нешто.

Најнови вести