Американската актерка Анџела Басет е една од најубавите дами од Холивуд, а нејзиниот изглед во 60-тата година предизвикува воодушевување.
И додека многумина се прашуваат дали има направено некои од естетските третмани, Анџела во едно интервју открила што е тајната на нејзината младоликост.
Познатата актерка Анџела Басет во август наполни 60 години, а и понатаму воодушевува со својата појава.
Таа секојдневно добива голем број на комплименти на сметка на својот изглед, а не крие дека често ја прашуваат и како успева да го одржи виткото тело и убавиот тен.
Убавата Анџела во интервју за магазинот „Allure” изјавила дека шеесеттите се всушност новите четириесетти, а пото објаснила што тоа значи.
-Напредуваме со поимањето на старосната доба па се повеќе се поместува и така шеесеттите станаа новите четириесетти, а седумдесеттите новите педесетти. Со годините морате да го намалите стресот, но и да се чувствувате секси во својата кожа, изјавила актерката која е мајка на две деца.
View this post on Instagram
Hey Everybody you good? Cold & Rain makes me miss #paradise. @capmaison come rescue me!
Американката не крие дека сепак вложува доста труд во својот изглед и дека два пати неделно вежба со личен тренер кој и помага секој тренинг да го направи правилно.
-Клучот е во правилната исхрана и вежбањето. Се доаѓа однатре. Секогаш се трудите да јадете вкусна храна. Уживам во вкусната и фина храна. Мислам дека здравото не мора да значи и невкусно, истакнала.
View this post on Instagram
Hey Everybody you good? I AM! #lovingstlucia #somebodyneededavacation #thatsomebodywasme
Басет на крајот на интервјуто открила дека има намирници и кои не ги јаде, а тоа се млечните производи и печивата.