среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Има 74 години, а сака да позира за „Плејбој“: Градите сè уште ми се исти

Има 74 години, а сака да позира за „Плејбој“: Градите сè уште ми се исти

Доли Партон (74) повторно сака да биде на насловната страница на магазинот „Плејбој“. На оние кои одлучуваат за тоа има да им порача само едно.

Кантри-ѕвездата, која неодамна го прослави 74-тиот роденден, во едно телевизиско шоу изјави дека нема намера да се пензионира и да се повлече од музичката сцена, како и дека се надева дека следната година повторно ќе биде на насловна страница на познатиот магазин.

-Не планирам да се пензионирам. Штотуку наполнив 74 години и планирам повторно да бидам на насловната страница на магазинот „Плејбој“. Се фотографирав за „Плејбој“ пред многу години и мислам дека би било одлично тоа да го повторам. Не знам дали ќе ми успее да бидам на насловна страница на 75 години, рекла славната Доли Партон.

На прашањето дали би ја повторила оригиналната фотографија во истата облека, пејачката одговорила:

„Можеби! Веројатно можам да ја искористам“, се пошегувала и додала: „Градите сè уште ми се исти“.

Најнови вести