Пејачката Лепа Лукиќ не ги заборава своите пријатели, па така не го заборава ни својот ријалити цимер Бојан Јовановски попознат како Боки 13 со кој се дружбата ја продолжи и по „Големиот брат“ каде учествуваа двајцата.
Таа сега за српските медиуми откри дека таа се уште е во добри односи со Боки и покрај тоа што е во затвор во Скопје.
-Се слушам стално со Боки 13. Цело време додека е во затвор, во контакт сум со неговата мајка и прашувам како е, дали му треба нешто и како можам да им помогнам. Кога беше пуштен во куќен притвор веднаш ми се јави дека излегол. Ние со години се дружиме, вели пејачката.
Таа додава дека многу се радува кога и се јавил и и кажал дека излегол од затвор, бидејќи таму имал фобија од затворен простор, тој и кажал и дека многу ослабел таму.
Лукиќ верува дека тој е наместен и дека не е виновен за ништо.